СЕКОЈ КОЈ СЕ ВАКЦИНИРАЛ МОРА ДА ГО ЗНАЕ ОВА: Упатство што можете да правите после имунизацијата, а што не е дозволено!

Американските центри за контрола и превенција на болести објавија список на мерки на претпазливост што треба да ги следат лица кои примиле вакцина.
„Луѓето кои биле вакцинирани може да се вратат во нормален живот неколку недели по приемот на вакцината, објавија американските центри за контрола и превенција на болести. Сепак, имајќи предвид дека не е целосно познато како вакцините ќе влијаат на ширењето на короната, оваа институција предлага список на активности што треба да се извршат и кои треба да се избегнуваат по вакцинирањето, а што е особено важно за престој на јавни места.

Што можете да направите по приемот на вакцината:
– можете да се собирате во затворено со други вакцинирани лица без да носите маска
– може да се собирате во затворени простории со невакцинирани лица од друго домаќинство без маски, освен ако некое од овие лица или некој со кој живеат е под поголем ризик да развие потешка форма на ковид-19
– ако сте биле во близина на некој што има ковид, не мора да бидете во самоизолација или да бидете тестирани ако немате симптоми. Меѓутоа, ако живеете во поголема група (институција или дом) и сте биле во контакт со некој што има ковид-19, треба да избегнувате контакт во следните 14. дена и да се тестирате, дури и ако немате симптоми.


Што не се менува дури и’ по вакцината:
– сè уште се препорачува да носите маска и да се држите на дистанца во ситуација кога сте во друштво на невакцинирани лица од неколку различни семејства или кога сте во контакт со некој кој има ризик од појава на потешка форма на ковид
– треба да се избегнуваат големи или средни собири
– патувањата во земјата и странство треба да се избегнуваат, а доколку патувате, треба да се придржувате до мерките и препораките
– и понатаму треба да се внимава на симптомите на ковид-19, особено ако сте биле во близина на некој што е болен
– ако имате симптоми на ковид-19, треба да се испитате и да избегнувате контакт
– на работното место морате да се придржувате на дадените упатства. Ковид -19 вакцините се ефикасни во заштитата од болеста. Врз основа на она што го знаеме за вакцините против ковид-19, луѓето кои биле вакцинирани можат да започнат да прават некои работи што престанале. Сепак, сеуште не знаеме како вакцините ќе влијаат на ширењето од ковид-19. Откако ќе се вакцинирате целосно, треба да продолжите да преземате мерки на претпазливост на јавни места, како што се носење маска, држење дистанца, избегнување гужви и слабо проветрени простори, се додека не откриеме повеќе“, пишува во соопштението на CDC.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …