(ВИДЕО+ФОТО) Секоја споредба е случајна: Уште една македонска јавна личност со качулка на главата!

А, сними и видео за неговата нова песна „И племето и семето“…


View this post on Instagram

Добро утро… #иплеметоисемето


A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on


И’, доколку насловот на песната ви асоцира на сегашните состојби во нашата татковина искрено признаваме дека и нас ни асоцираат на истото…

View this post on Instagram

И племето и семето…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

И ПЛЕМЕТО И СЕМЕТО

Па дали воопшто ни е јасно дека ние сме само овците во трлото
Од се на светот нам ни остана само празен збор и кнедлата во грлото
Но сеедно, и вака и така се е отидено
И знамето, и мамето
И племето, и семето

Ова е одвратно болно сурово време стари сметки раѓаат нови нации
А ние сме бели глувчиња во лабараторија за луди иновации
Но сеедно, и вака и така се е отидено
И името, презимето
И племето, и семето
Со очи ококорени стоиме пред споменикот во боја
А не сме ни свесни дека над глава ни виси
Лично и персонално коњот од троја

А знаеме кои сме што сме дали сме имаме педигре со сите можни нишани
И колку повеќе сакате да се запишеме кај нив толку повеќе сме отпишани
Но сеедно, одвоено или заедно
И корени, изгорени, од бремето, на времето и племето и семето
За партија, на хартија, и улици, виулици, и знамето и мамето
И племето, и семето

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„БИТОЛСКИ БЕЉОТЏИЈА“ – хуманитарен бељот турнир

Денеска со почеток во 10:30 часот, во барот Општина а во организација на РОТАРИ КЛУБ …