Сеќавање: на денешен ден во 2018 година почина новинарот Љубомир Вељковиќ – Раф

Љубомир Вељковиќ – Раф е роден во Скопје во 1943 година. Тој беше истакнат македонски новинар.

Кариерата ја започнал на Втората програма на Македонското Радио во 70те години на XX век, а најдолго, сè до заминувањето од Радиото, работел во внатрешно-политичката редакција, како собраниски известувач.


Ја работел респектибилната серија од емисии „Вие и претседателот на градот“ во која на прашања од скопјани одговарал градскиот татко. Како завршен правник, кариерата ја продолжил во Општина Центар во Соборот на општините, а сè до пензионирањето активно се ангажирашел во заштитата на човековата околина.

Починал во Скопје на 19 мај 2018 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Јоана Поповска

Јоана Поповска е родена во Битола на 18 јуни 1943 година. Таа е македонска театарска, …