Ориѓански: Нема соодветни зборови да се опише настапот на Џамбо Агушеви оркестар во Тирана

Пред повеке години, познатата американска авангардна артистка Лори Андерсон, ке каже: Да зборуваш за музика, тоа е како да играш објаснувајки архитектура.

Нема соодветни зборови да се опише настапот на Џамбо Агушеви оркестар во Тирана, тоа беше нешто многу, многу посебно.


Агушеви пред да настапат во Тирана, имаа неколку концерти во Германија и авионски стасаа до Скопје, та од таму, веднаш со автомобили тргнаа за Албанија каде стасаа нокта пред нивниот овдешен концерт.

Нивниот настап беше во организација на македонскиот Културно информативен центар во Тирана, заедно со овде познатиот тирански фестивал „Clouds” под водство на директорката Едит Пула.


Овој фестивал се одржува секоја година. Овојпат, простор кој се наоѓа во центарот на градот, беше исполнет до последно место со публика. Агушеви настапија супериорно, величествено убаво, свиреа технички совршено во манир на големи светски артисти, плетејки мрежа од прекрасни мелодии. Публиката стануваше, играше во транс, дел од нив се качуваа на сцена играјки заедно со нашите музичари.

После двочасовен фуриозен настап, публиката не сакаше да замине и музичарите се вракаа неколкупати на бис. Веднаш после настапот, Џамбо Агушеви, отпатуваа на концерт во Бугарија.


Македонскиот Културно Информативен Центар во Тирана, најавува уште еден настан. На 23 мај во Тирана ке настапат ДОБРИЛА и ДОРИАН ДУО

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен е конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот 30 години од македонскиот и светски класик „Пред дождот“

Ако си млад филмаџија, музичар, графичар, ликовен уметник…поканет (а) си да учествуваш на конкурсот „После …