(ВИДЕО) Искрено со детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски: „По долгите часови поминати во операциона сала, возењето мотор е издувен вентил за стресната работа – а ако тоа е втор пубертет, дај боже да ме држи цел живот!“

Во неговата приватна приказна има од сè по нешто. Од часови и денови поминати со книгата поради изборот на професијата до театарот како најголемата љубов во неговото семејство.
„Кај нас дома само за театар се зборуваше. Сите познати имиња ни дошле дома. Но, ете, и јас и брат ми се запишавме на медицина, а не на професијата што ја работеше татко ми”, вели Чадиковски, чиј татко го изгради и создаде Театарот за деца и младинци.


Татко и сопруг. Од 2001 година е во брак со Елена, која е магистер на човечки ресурси. Го имаат синот Виктор, кој има девет години. На прашањето како реагира како татко кога Виктор ќе се разболи, вели: „Тогаш покажувам некоја нервоза. Ама интересно е што тогаш сопругата е доктор, не јас. Во тие моменти таа е главна, се јавува кај колеги, врти на телефони, мене не ме слуша, вика јави се ваму, таму. И добро е што така прави оти јас сум субјективен”, се шегува Чадиковски.

Во однос на бракот открива дека поради професијата, често мора да е отсутен од дома и дека е среќен што сопругата добро се справува со сето ова и ја држи фамилијата.



„Јас сум тежок лик и треба некој да ме издржи, не сум за фалење, професијата бара многу часови минати надвор од дома. И јас сум човек со мани, ама и ова што го работам искрено прави да си малку чуден. И оваа приказна трае со години, а таа, ете, се надевам дека уште долго ќе се справува со ова”, искрен е детскиот кардиохирург.

За него е познато и дека е прилично влијателен на „Твитер”, а неговите твитови се споделуваат и во медиумите, па и за ова раскажа во интервјуто на „Репортер”. За приватната приказна на докторот, како и за онаа во операционата сала, оти кардиохирургијата не секогаш има позитивен исход, сите успешни операции и добрата вест што ќе му ја соопшти на семејството што чека пред операционата сала, гледајте го интервјуто…


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …