Песна за животот и многу генерации: ДНК, Наум Петрески и Џамбо Агушев (ВИДЕО)


Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, пејачи, водители и актери како на социјалните мрежи споделуваат видеа на кои пеат некоја песна.

Всушност станува збор за најновиот сингл на дуото – ДНК која носи наслов „Животе брате“, а на која како гости учествува кралот на фолк-музиката Наум Петрески и светски познатиот, а сепак наш Џамбо Агушев.


По се изгледа ова е уште една песна на ДНК која има голем потенцијал да стане химна на народот, односно како што е нивната „Ако утре ме нема“…

Панчо и Андреј велат дека во „Животе брате“ метафорично преку обрќање на небото/Бога, се обраќаат на животот.


„Животе брате, брате, дај насмевни се. Животе брате, брате дај смилувај се. Животе брате да запееме, Еднаш живееме“ – се пее во рефренот на оваа песна, а тоа се зборови кои токму Андреј и Панчо ги порачуваат на сите нас.

„Немаме што да ви изјавиме. Кратко и јасно, ова е песна за животот! Пресреќни сме и почестени што две големи македонски легенди ни гостуваат и воедно благодарни што прифатија да бидат дел од овој проект. Искрено веруваме дека публиката ќе ужива во неа“ – велат момците од ДНК.


Инаку како и за останатите „чеда“ на ДНК, така и за оваа тие снимија одличен видеоспот со многу статисти и пријатели, а како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски.

Како локации се избрани Скопска Црна Гора и етно ресторанот “Рибилимус”

Авторскиот тим е идентичен, Лазар Цветкоски се погрижи за аранжманот, текстот е на Панчо, музиката заедничка, додека делот на трубите самиот Џамбо Агушев.

Погледнете и уживајте:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Атанас Петров со нов сингл „Манири” – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената, Атанас Петров продолжува да чекори по …