Денес се сеќаваме на доајенот на македонската народната песна Атина Апостолова

Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во с. Л’нки, Преспанско, а детството го минува во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Со музика се занимава уште од најрана возраст. Учествувала во емисијата “Микрофонот е ваш” каде го освоила првото место, со песната “Не си го продавај Кољо чифликот”, која и била првата снимка на Атина.

Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Дали знаеш либе, Ако грешам, Иле Илија и многу други. Таа имала турнеји во Австралија, Канада, Америка и европските земји. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Има одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми).


Има учествувано на голем број музички фестивали во Македонија, за нејзините успеси говорат бројните награди и признанија на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Цветници, Филиграни и Гоце Фест. Во 2023 година на Фестивалот “Тумба Фест” Куманово ја добива наградата за животно дело. Зад себе има и неколку албуми од кои три снимени во Белград и два во Македонската радио телевизија.

Починала на 7 март 2024 година во Скопје на 77 годишна возраст.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2024

Денес во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот, во организација на Македонска …