Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години беше носител на главниот репертоар на Народниот театар од Битола. Препознатлив по неговата маркантна фигура, со бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и со страста која провејуваше скоро низ сите ликови одиграни на штиците што живот значат.

Во 1960 година станал член на колективот на Народниот театар – Битола. Тој беше еден од водечките актери на битолскиот ансамбал и долго време носител на репертоарот. Co својот раскошен и еруптивен талент одигрува повеќе насловни и водечки улоги.


Неговата трансформација од лик во лик, со сериозноста кон пристапот, со свежината и чистотата ги постигнувал највисоките дострели во градењето на ликовите Клаудие во „Хамлет” од В. Шекспир (1966 и 1989), Франц во „Разбојници” од Ф. Шилер (1967), Јаго во „Отело”од В. Шекспир (1970), Сади во „Дундо Марое” од М. Држиќ (1972), Еротие во „Сомнително лице”од Б. Нушиќ (1978), Императорот во „Подземна република” од Јордан Плевнеш (1991), „Професионалец” од Д. Ковачевиќ (1990), дуодрамите „Партија реми” од Дин Ли Кобру (1986), „Виенско танго”од П. Турини (1987) и други. Импозантни партии дал и во филмовите „Пред дождот” и „Прашина”.

Добитник е на наградата „Војдан Чернодрински” за животно дело.


Починал во Битола на 21 мај 2001 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2024

Денес во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот, во организација на Македонска …