Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот ќе се одржи  менторската работилница „Што после средно“.

Овој настан е за оние кои се чувствуваат заглавени во онаа непријатна фаза „помеѓу“, каде што сите околу очекуваат да знаеш што сакаш, но ти сè уште се обидуваш да одлучиш и да ти текне што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш (кога и да се случи тоа). Дојди придружете ни се за реален разговор, насоки и многу разбирање кои ќе ти бидат мала поддршка во ова збунувачко време!


„Што после средно“ е настан за групно менторство чија цел е да ги зајакне средношколци/ките со знаење, споделување на искуство и инспирација кои ќе им помогнат и потиткнат во се сопствениот процес на донесување одлуки во врска со нивната иднина после задолжителното образование.

Препознавајќи ја разновидна низа на достапни патишта, овој настан има за цел да осветли трите клучни можни патишта: високото образование, ангажман во заедницата и претприемништвото. Преку дискусија и излагање на искусни говорнички, учесниците ќе добијат нови перспективи, насоки и мотивација да тргнат по нивните избрани патишта со самодоверба.


Пријави го твоето учество на следниот линк: https://forms.gle/e3K68WUtwX1hMMaj8

Менторската работилница е спроведена во рамки на проектот „Eднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, кој се фокусира на родовиот јаз. Проектот го спроведуваат Мрежата Стела и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на истакнатиот македонски историчар на уметност и публицист Димитар Ќорнаков

Проф. д-р. Димитар Ќорнаков е роден во 1927 година во Стојаково, Гевгелиско. Тој беше македонски …