(ВИДЕО) Искрено со детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски: „По долгите часови поминати во операциона сала, возењето мотор е издувен вентил за стресната работа – а ако тоа е втор пубертет, дај боже да ме држи цел живот!“

„Јас сум тежок лик и треба некој да ме издржи, не сум за фалење, професијата бара многу часови минати надвор од дома. И јас сум човек со мани, ама и ова што го работам искрено прави да си малку чуден. И оваа приказна трае со години, а таа, ете, се надевам дека уште долго ќе се справува со ова”, искрен е детскиот кардиохирург.

Муабетот со доктор Владимир Чадиковски, детскиот кардиохирург, не може да биде досаден. Сеедно дали е за хирургијата, љубовта кон моторите, времињата кога со „стокец” фамилијарно оделе кај тетките во Италија, бракот, меракот по „Твитер” и „Инстаграм”… За сè има по некоја приказна.


Последниве две години е моторџија. По долгите часови поминати во операциона сала, возењето мотор е издувен вентил за стресната работа. Вели дека има три мотори и куп кациги. Пасија за која раскажува со сто мераци.


„Веќе две години возам мотори и не можам да замислам да не возам. Легнувам и станувам со таа помисла. Моторџиите ми станаа другари и тоа се една посебна фела, кои се многу интересни. Практично, имам најмал стаж кај моторџииве, ама теоретски не им се давам”, раскажува доктор Чадиковски во интревју за „Репоортер”


Открива дека станал колекционер на мотори.
„Имам три мотори, од сите три типа, ама на работа одам со GS 800, BMW. Е, сега, не сум некој чоперски тип, па така да се облекувам, ама и возењево мотори малку ми го смени стилот на облекување. Нормално е со годините да се дојде и до некоја таква фаза како ова со возењето. Некои се шегуваат, демек втор пубертет мажите доживуваат, ама па ако ова е втор пубертет, дај боже да ме држи цел живот”, искрен е детскиот кардиохирург.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …