Вечерва, Мери Младеновска како домаќинка на „Лица и дела“ на ТВ Сонце ќе разговара со д-р Злате Мехмедовиќ, лекар – пулмоалерголог, сега е на супспецијализација, а кој инаку дал голем самопридонес за време на пандемијата на корона вирусот во центарот за Ковид 19.
Д-р Злате е познат и како голем хуманист, многу им помага на луѓето и е доктор кој го достигнал врвот во својата професија и кој со својата стручност е секогаш подготвен за предизвиците како и да им помага на сите.
„Лица и дела“, изданието кое е вечерва на програмата од 21. часот, ќе биде многу интересна и едукативна емисија за пандемијата и за мерките на претпазливост.
„Лица и дела“ продолжуваат да ги претставуваат сите кои се докажале во својата професија а се „зад камерите“ и на еден начин во сенка.