Седмо издание на настанот “Не е сè во брзината!”

Мото Клуб Вепар ве поканува денес од 12:00 часот на седмото издание на настанот “Не е сè во брзината!”, една трка со поинаков пристап – бавно, но учењето и забавата се брзи.

Бавна трка, од едуктивен карактер, којa има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина.


Трката ќе се одвива во 4 категории и тоа:

– Мотоцикли до 50 цм3
– Мотоцикли од 51 до 500 цм3
– Мотоцикли од 501 цм3 до 1000 цм3
– Мотоцикли поголеми од 1000 цм3


Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација.

– Победникот продолжува со натпреварување;


– Победник е оној кој поспоро ќе стигне до целта.

Правила:
– Учесникот не смее да испадне од одбележаната траекторија;
– Учесникот не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката);
– Учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник.

Сите заинтересирани за учество во мото трката Бавна Трка „Не е сè во брзината!“ Vol. 7, можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10 и 11.30 часот на денот на настанот.

Агенда:
– 10:00-11:30 часот– ПРИЈАВУВАЊЕ
– 12:00 часот– Официјално започнување на трката
– 14:00 часот– Почеток на забавна програма со музика, скара, пивце и дружба.
– 19:00 часот– Затворање на настанот.

Учеството е бесплатно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Јоана Поповска

Јоана Поповска е родена во Битола на 18 јуни 1943 година. Таа е македонска театарска, …