(ФОТО) НЕ ЖИВЕАТ СКРОМНО – Принцот Хари и Меган Маркл задаваат нови главоболки: Доаѓањето во Лондон скапо ќе ги чини Британците!

Целото кралско семејство не го видело Арчи неколку месеци и тоа ги растажува. Кралицата, принцот Чарлс, принцот Вилијам, како и неговата сопруга Кејт и нивните мали деца многу сакале да го видат и да поминат неколку дена во негово друштво, но Хари и Меган решиле да не им го овозможат тоа задоволство.


„Тоа што и понатаму ‘го ограбуваат’ народот е берзобразно. А. тоа што на семејството не му дава да го гледа Арчи е неблагодарно и безобразно“, се најчестите коментари на социјалните мрежи за доаѓањето на Меган и Хари во Лондон.
„Тие млатат милиони, се откажуваат од кралството и прават пари од тоа, а јас им го плаќам патот накај дома. Па, тоа е одличен живот“, иронично коментирале лутите Британци.



Двојката е подготвена да ги одработи своите последни три ангажмани во Лондон, додека сè уште се во транзиција. На 1. април, тие официјално престануваат да бидат членови на британското Кралство, враќајќи се во Ванкувер веднаш по одбележувањето на Денот на Комонвелтот на 9 март.
Тие потоа го започнуваат својот нов животен век, а веќе во мај, се очекува Меган да настапи на најголемиот социјален настан во сезоната – Мет Гала.


Уредничката на магазинот Вог, Ана Винтур, на нејзината листа на специјално избрани гости ја вклучила поранешната актерка и војвотката Меган, и очекува дека тоа ќе привлече голем интерес на јавноста и медиумите од целиот свет.
„Меган и Хари се возбудени што заедно ќе се појават на еден ваков важен настан. Меган со нетрпение очекува да може конечно да дојде на вакви настани и повторно да заблеска во светот на Холивуд“, изјавил извор за „Page Six“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …