UTERM – најдобро решение за сите трговски партнери

Како што членовите на Cashback World ја користат лојалната програма на мајВорлд (myWorld), така и трговците имаат можност да ја користат Cashback Partner Program-ата. Секој трговец во оваа уникатна лојална програма може да одбере само да биде прифатно место за кешбек картичката или истовремено да добие и сопствени целосно брендирани кешбек картички. Што и да избере трговецот во секој случај се стекнува со UTERM (УТЕРМ).

Трговските партнери на Cashback програмата во Македонија, но и насекаде во светот користат UTERM (УТЕРМ) платформа, или универзален терминал, со кој се евидентира секоја транскација. Но она што е најважно од оваа UTERM платформа е дека претставува многу повеќе од само онлајн терминал. Исто така и секој од трговските партнери може да прави анализи, да креира понуди, да креира вести за корисниците на Cashback World, како и да прави анкети за своите потрошувачи, со што детално ќе може да влијае на своето работење во иднина.


Освен што овој иновативен систем работи на десктоп компјутер на касите кај трговците, UTERM-от нуди и мобилна апликација за секој бизнис кој работи со услужни дејности или достава, идеален за ресторанти, такси компании, достава на пица и итн. Во Македонија оваа иновативна алатка ја користат преку 1,300 трговци.

Да се информираат сите корисници со најновите понуди е една од најдобрите алатки во маркетингот генерално. Базата на корисници е предност во работењето кај секој трговски партнер, а базата на потрошувачи од лојалната програма на Cashback World е околу 260.000 потенцијални потрошувачи кои можат да се привлечат со оваа алатка. Затоа секој од трговските партнери треба максимално да ја користи опцијата за Newsletter во градењето на бизнисот.


Како една од најголемите предности во користењето на UTERM платформата е и анализата на потрошувачите или статистичките податоци. Во секое време можете да видите за каков тип на потрошувачи станува збор (возраст, пол, локација). Можете да го следите прометот и анализирате буквално по денови.

Секој од потрошувачите сака да биде задоволен и да ја осети грижата кон него од страна на трговските партнери. Тоа дава една дополнителна вредност на вашиот бренд. Токму затоа платформата UTERM може да креира анкети за секој потрошувач и со нивните одговoри да влијаете врз развојот на бизнисот.


Користењето на UTERM платформата е повеќе од потребна за развој на вашиот бизнис и достигнување на поголеми резултати.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …