(ВИДЕО) ГИ ВООДУШЕВИЛ СОПСТВЕНИЦИТЕ: Возач на курирска служба го пронашол и го вратил изгубеното куче!

Семејство од Колорадо е благодарно на возачот курирска служба за пронаоѓање и враќање на тригодишниот златен ретривер кој исчезнал минатата недела, а испораката на специјалната пратка била забележана од камера.
“Ние правивме некои омашни поправки. Мајсторот излезе на ручек и ја затвори вратата. Ветрот ја отворил а нашиот пес Катчер го искористил тоа и излегол додека не бев дома“, вели сопственичката Лиза Мензиес.
Мензиес објаснува дека авантурата можела да заврши многу лошо затоа што таа и нејзиниот сопруг биле надвор од градот, додавајќи дека не сакала да размислува што би можело да се случи доколку кучето излегло на прометен пат. Непосредно по исчезнувањето на миленичето, Мензиес добила порака од возач на Федекс. Тој рекол дека имал специјална испорака за неа – пратка од 28. килограми.
„Тој рекол дека го пронашол кучето и ќе го донесе на одредената адреса. Потоа ретриверот внимателно го внесол во домот“, објаснува Мензис.
Камерата за надзор на вратата од домот ја снимила испораката на специјалниот пакет.


„Гледајќи го, како внимателно го носи кучето… низ главата ми пролета една песна од филмот ‘Титаник’. Тој покажа толку многу грижа и љубов кон кучето и беше забавно да ги гледаш“, наведува Мензиес.
Женката ретривер е повторно со своето семејство благодарение на љубезниот возач…
“Тој го смени дневниот распоред за испорака на пакетот, само за да брзо ја однесе дома. Не сакам да мислам што можеше да се случи со кучето. Возачот е херој на нашето семејство”.
Лиза Мензиес верува дека наскоро ќе го види херојот на оваа приказна, за да му се заблагодари лично, пренесува Fox8.
„Тој испрати порака кога кучето пристигна дома. Му се заблагодарив на истиот начин, но сè уште не се сретнавме“, заклучува Мензиес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …