Овие хороскопски знаци одбегнуваат врска бидејќи се плашат дека ќе бидат повредени

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
КОГА со некого ќе започнете врска, преземате ризик да бидете повредени. Ова е токму причината зошто одредени хороскопски знаци се плашат и кои даваат се од себе да не се врзуваат за другите, пишува Your Tango Танго.
Овие хороскопски знаци бегаат од врска, како знаат и умеат.

1. Водолија
Водолиите се стручни за одржување на емоционална дистанца. Колку помалку се врзуваат, толку е помала веројатноста дека ќе бидат повредени. Тие уживаат во друштво на луѓе, но држат безбедна далечина. Во повеќето случаи, тие делуваат рамнодушно, но ова е само маска за да се заштитат себеси.


2. Стрелец
Стрелецот сака работите да бидат лесни и едноставни. Припадниците на овој знак биле повредени многу пати и не сакаат повторно да го поминуваат тоа. За да избегнат врска, Стрелците често ги менуваат нештата, најчесто нивната локација. Ако знаете дека заминувате наскоро, полесно е да се воздржите од поврзување. Проблемот е во тоа што Стрелците не се рамнодушни – тие навистина се грижат, но полесно е да се игнорираат емоциите и да се продолжи понатаму.

3. Девица
За Девиците, емоционалното воздржување е всушност одбранбен механизам. Ако не им е грижа, помала е веројатноста дека ќе бидат повредени. Тие ќе бидат искрени и отворено ќе ви кажат дека не се подготвени за врска во моментов, но дека може да бидат во иднина. Припадниците на овој знак нема да ја разубават реалноста или да ви дадат лажна надеж.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …