(ФОТО) Се јавила водителката која се онесвестила среде емисија: „Овој пат не е срцето“

Метеоролог од Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварц, се огласи откако ненадејно колабираше за време на утринските вести додека ја читаше временската прогноза, загрижувајќи ги своите колеги.
„Благодарна сум што овој пат не беше моето срце. Добив стотици пораки, а тие сè уште доаѓаат, па ако не одговорам, тоа е причината“, напишала таа на Инстаграм.

This image has an empty alt attribute; its file name is voditelka-izjava-1.jpg


Инаку, Шварц се осврнала на сличен проблем што го имала и претходно, но на друга телевизија. Во 2014 година и се слошило за време на емисијата, а подоцна било откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.
Да потсетиме, откако пред неколку дена се онесвести во студио, нејзините колеги останаа во целосен шок. „Ох“, заустила Рејчел Ким, а нејзината колешка Нишел Медина рекла дека „ќе мора да направат кратка пауза“.

Алиса брзо била пренесена во болница и таму се опоравува.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …