Денес роденден слави нашиот познат фолк пејач Марјан Коцев

Марјан Коцев е роден на 20 мај 1975 година во Кавадарци. Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има направено концерти низ целиот свет. Тој е познат по безвременскит хит Ти само ти.

Има многу песни меѓу кои Бекрија љубовџија, Љубовен танец, Крал на жените, Земја ветена, Место не ме држи брате, Запејте браќа и многу други. Во 2014 година направи јубилеен концерт по повод 20 години музичка кариера, во придружба на групата Група Дрим Тим. На концертот специјални гости му беа Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски и Новица Василевски.


Повторно соличтички концерт имаше во 2018 година во придружба на Група Дрим Тим, и специјална гостинка му беше Анета Мицевска. Тој во неговата кариера има издадено неколку албуми.

Среќен роденден Марјан ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Јоана Поповска

Јоана Поповска е родена во Битола на 18 јуни 1943 година. Таа е македонска театарска, …