Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)


Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на конечно преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“).

Промоцијата е замислена како разговор меѓу преведувачот Здравко Савески и Мариглен Демири.


Овој роман, напишан кон крајот на 19 век, раскажува за еден 21 век што е многу поразличен од 21век што го живееме. Нудејќи визија за еден многу поразличен и посреќен 21 век, романот има моќ да ја разбуди и ослободи имагинацијата што сега е цврсто заробена во стегите на капиталистичкиот реализам. Па многумина не можат ниту да замислат поинаков и подобар свет и дури полесно им е да го замислат крајот на светот отколку крајот на капитализмот. А токму ваквата стерилност и заробеност на мислата, во сегашниот историски момент, кога климатската криза ни налага од корен да го промениме начинот на живот, економијата, општеството, не е само жална, туку и погубна. Затоа, можеби денес ова дело на Морис, со својот оптимизам дека друг свет е можен, е уште поактуелно и понасушно потребно од времето кога е напишано.

Вилијам Морис (1834-1896) бил сестрана личност: дизајнер, архитект, печатар, поет, прозаист, преведувач, занаетчија, политички и уметнички активист и – социјалист. Тој бил уметник за кого\ најголемата уметност била уметноста на живеењето, вљубеник во ослободената работа, предвесник на екосоцијализмот и, донекаде, прапрадедо на модерниот соларпанк.


Преводот на македонски јазик е во издание на издавачката куќа „Слово“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

“ЛЕНА И ВЛАДИМИР” ОСВОИ ДВЕ ПРЕСТИЖНИ НАГРАДИ НА 58-ОТ МЕЃУНАРОДЕН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ WORLDFEST-HOUSTON

Македонскиот филм “Лена и Владимир” освои две Златни Реми награди на 58-от Меѓународен филмски фестивал …