(ФОТО) Наоми Кембел објави ретка фотографија со својата ќерка која наскоро ќе наполни две години

Наоми покрај фотографиите со ќерката напишала дека е благословена…
Легендарната манекенка Наоми Кембел го одбележа Денот на мајката со серија фотографии со својата ќерка.
Педесет и двегодишната Наоми покажа неколку прекрасни фотографии на кои таа и нејзината ќерка се гледаат одзади.
На серијата фотографии се гледа како познатата манекенка поминува време со својата ќерка која за два месеци ќе наполни две години.
На последната фотографија се гледа Наоми со нејзината мајка Валери Моис.

View this post on Instagram

A post shared by Dr Naomi Campbell (@naomi)


На крајот на оваа објава, Наоми напиша дека е „благословена“ со многу срцеви емотикони.
Наоми го објави раѓањето на својата ќерка во мај 2021 година, а во интервју за „Вог“, додека позирала со своето бебе, рекла дека не е посвоена, туку дека е нејзино дете.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Илија Струмениковски

Илија Струмениковски е роден на 20 септември 1940 година во Куманово. Тој е истакнат македонски …