Актерката и модел Руби Роуз се прослави во серијата „Orange is the New Black“ и стана позната како застапничка на правата на ЛГБТК заедницата, а во пресрет на роденденот ги загрижи своите следбеници со чудна порака во која вели дека нема причина за славење.
Руби Роуз, актерката која се прослави со улогата во хит серијата на Нетфликс „Orange is the New Black“, за својот роденден објави чудна порака која загрижи многу фанови на социјалните мрежи.
„Немам причина да славам“, напиша таа во вознемирувачката објава, а потоа исчезна од социјалните мрежи, но набрзо ја избриша оваа чудна објава и разјасни за што се работи.
„Ако ме познавате доволно долго, тогаш знаете дека мојот роденден не е причина за славење. Некои се обидоа да го прослават, но до прослава никогаш не дојде, па нема да има ни сега. Се одјавувам додека се не помине“, напишала 37-годишната Роуз на својата приказна на Инстаграм и додала:
„Ве молам сите оставете ме на мира“.
View this post on Instagram
Руби Роуз на тој начин им стави до знаење на своите фанови дека едноставно не сака да го прослави својот 37-ми роденден, а многумина се присетија како пред четири години објавила видеа од лудата роденденска забава што во нејзина чест ја подготвиле нејзините колеги со кои го снимале филм Batwoman.
Покрај актерството, Роуз е модел и важи за еден од најпознатите австралиски топ модели, а откако се прослави во третата сезона на серијата на Нетфликс „Orange is the New Black“ стана голем застапник за правата на ЛГБТК заедница.
Фото: Принтскрин/Instagram