СЕ ЗНАЕ ШТО Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ: „ШТО ДА ОБЛЕЧАМ СЕГА?”

Сезона за прослави ни доаѓа, а со неа и сите матурски забави, апсолвентски, свадби и други разни прослави… Се знае што е најголемиот проблем: „Што да облечам сега?” Денес е лесно да изградите сопствен стил, а од друга страна, кога станува збор за свечени настани, понекогаш тешко ќе го најдете парчето облека и комбинацијата што си ја замисливте.

Во СКОПЈЕ СИТИ МОЛ, дефинитивно, изборот е огромен и секој може да пронајде буквално што ќе посака и што си планира во својата глава, а особено во овој период. Секако, изборот на свечена облека не треба да се остави на случајност, па затоа во овие денови молот е преплавен со најнови колекции од сите брендови, попусти на одредени парчиња и понуди кои се однесуваат посебно на свечената облека, шминката, чевлите и аксесоарите. Блеснете во модерни и заносни комбинации, наполнете ја кошничката со шминка, одберете си соодветен парфем… накратко, поминете во СКОПЈЕ СИТИ МОЛ и подгответе се 100% за вашата ноќ од бајките. Ако, пак, ви е тешко да пронајдете инспирација или, пак, сте неодлучни што да носите, посетете ги социјалните мрежи на СКОПЈЕ СИТИ МОЛ. Овие денови на свечености ќе бидат преплавени со содржина која инспирира и ќе ви помогне да го создадете совршениот спој на облека. Не мора ни да станете од каучот, скролајте и разгледувајте, па дури потоа поминете и посетете го молот. Едно е сигурно – ќе можете да го креирате вашиот совршен стил за совршениот момент. Вашата задолжителна станица оваа пролет – СКОПЈЕ СИТИ МОЛ – број еден место за мода кога станува збор за свечени пригоди.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книга „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“

Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, со почеток во 18:00 …