ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КИЛИБАР И МЛАДОСТ” ОД ГОРДАНА МИХАИЛОВА БОШНАКОСКА

22. мај 2024година, 19:19 часот во Салон Империјал 1

Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на поетската збирка „Килибар и младост”, на Гордана Михаилова Бошнакоска во издание на „Макавеј” на 22 мај 2024 год. во 19:19 часот Салон Империјал 1


Книгата ќе ја промовираат Бранко Цветковски и Гоце Смилевски, стиховите ги кажуваат артистите Софиа Насевска Трифуновска и Борче Начев

Гордана Михаилова Бошнакоска е родена на 1септември 1940 год. во Битола. Студирала на Филолошкиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Пишува поезија, проза , есеи за литература и уметност (сликарство и скулптура). Има објавено петнаесет збирки поезија првата ВРЕМЕТО ГО НЕМА 1965, а најновата МЕД И МЛАДОСТ 2023. Наградата Браќа Миладиновци ја доби за збирката ПЛАНИНИ ОД КАРТОНСКИ КУТИИ, наградата ,,Ацо Шопов,, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, ја доби за збирката ПЕСНА НА РИДОТ, како и наградата ,,Празник на липите”. Застапена е во сите поетски антологии во Македонија и странство, како и во панорамски прикази. Преведени се нејзините песни на сите светски јазици. Поединечни преводи се објавени на нејзини поетски избори како и збирката ТОЛКУВЊЕ НА МОРЕТО. Од Македонија застапена е во антологијата ,,13 Ѕвезди на словенското небо,, што ја издаде Словенската акдемија за литература и уметност од Варна ( Бугарија), каде е и нејзин член и носител на највисокото признание ,,Големо летечко перо,, за целокупно творештво. Македонската ТВ има снимено две емисии за нејзината поезија и проза, како и Македонското радио ја застапи во звучната антологија на македонската поезија. Носителка е на признанието Витез на пишаниот збор како и на највисокото признание на ДПМ ,,Книжевен жезол,, за целокупно творештво. Ги има објавено збирката раскази БОСФОРСКО ЛЕТО и романот ПОТРАГА ПО ПРИКАЗНА. Настапувала на бројни литературни манифестации во Македонија и во странсто. Добитничка е на стипендијата Фулбрајт со престој во САД. Застапена е во изданијата за литература од Министерството за култура на Македонија (р. бр. 50) , како и во македонската енциклопедија. За нејзиното творештво пишувале многу македонски автори од сите генерации, како и автори од други земји.


Нејзината поетска збирка „Килибар и младост”, е втора од проектот поетска трилогија, во која се надоврзува на претходната „Мед и младост”, а третата како проект ќе го носи насловот „Маслина и младост”. Целиот проект во суштина ја поставува дилемата на вечноста и минливоста.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книга „Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“

Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, со почеток во 18:00 …