(ВИДЕО) ЈА ОБЈАСНИЛА ПРИЧИНАТА ЗА ДЕБЕЛИНАТА – Селена Гомез одговорила на критиките за нејзиниот нов изглед: „Не сум модел и никогаш нема да бидам!“

Познатата пејачка Селена Гомез неодамна преку социјалните мрежи одговори на критиките за нејзината дебелина, велејќи дека таа не е модел и никогаш нема да биде.
Селена Гомез неодамна се појави на доделувањето на наградите Златен глобус, а медиумите и корисниците на социјалните мрежи жестоко го критикуваа нејзиниот нов изглед. Поради ова, Селена реши првично да оди во живо на нејзиниот TikTok профил, а видеото потоа беше споделено на Твитер.
Таа откри дека нејзините лекови за лупус предизвикуваат нејзината тежина драстично да флуктуира. Инаку, во 2014 година и беше дијагностициран лупус, хронична автоимуна болест која често доведува до отоци, замор и болки во зглобовите, а за тоа зборуваше и во својот документарен филм.


„Кога го земам овој лек, имам тенденција да задржувам многу вода. Кога ќе престанам да го користам лекот, некако слабеам. Ова е она што сакав да го кажам и да ги охрабрам сите што се срамат од она што го минуваат, додека другите не ја знаат вистинската приказна“, рекла Гомез.
Оваа 30-годишна девојка и претходно отворено зборуваше за својата здравствена состојба и за автоимуната болест поради која во 2017 година беше и на трансплантација на бубрег, а неодамна откри дека нејзиниот лекар и рекол дека нема да може да има деца поради дијагнозата на биполарно растројство.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Песна за животот и многу генерации: ДНК, Наум Петрески и Џамбо Агушев (ВИДЕО)

Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, …