Промоција на книгата „Атакама“ од црногорскиот писател Никола Николиќ

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, ќе се одржи промоцијата на книгата „Атакама“ од црногорскиот писател Никола Николиќ.

Промоторка: Румена Бужаровска


Модераторка: Оливера Ќорвезироска

„Атакама“ од црногорскиот писател Никола Николиќ, во издание на „Арс Ламина“, е збирка од 15 раскази, длабоко нурнати во современите појави и проблеми на нашето време. Николиќ ги осветлува темнините за кои обично се молчи, директно и крајно отворено. Иако се вика „Атакама“, како чилеанската пустина, збирката бескомпромисно го опфаќа црногорското милје, метафорично потпирајќи се на пустините и сушите во сите нас.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …