Промоција на книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски

Денес, со почеток во 12:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи традиционално претставување на добитникот на престижната награда „Браќа Миладиновци“ што се доделува на Струшките вечери на поезијата.

Книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски е добитник на оваа наградата за 2023 година.


Промотор на настанот ќе биде Иван Додовски, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Наградата „Браќа Миладиновци“ е востановена во 1963 година како признание за најдобра поетска книга меѓу два фестивала. Наградата претставува најголемата национална награда за поетско творештво во Република Македонија со која Струшки вечери на поезијата повеќе од половина век ги наградува поетските дострели на македонските творци во секоја измината година.


Наградата е именувана во чест на еминентните македонски просветители и културни дејци – браќата Димитар, Константин и Наум Миладинови. Постариот брат Димитар бил собирач на македонски народен фолклор и учител на првите поети на македонскиот романтизам. Помладиот брат Константин е основоположник на современата македонска поезија. Во негова чест во 1962 година се започнати „Струшките вечери на поезијата“

Националното признание, наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим пред повеќеилјадна публика. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година издаваат репрезентативнa книгa поезија од добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ во препев на англиски јазик.


Димитар Башевски е роден во село Ѓавато, Битолско на 27 јуни 1943 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1969 година. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ и главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Член е на Македонскиот ПЕН центар и бил негов претседател од 2000 до 2006 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …