Азербејџанецот Сервер Бесирли, кој се вклучи во кампањата за помош на Турција со својот стар црвен автомобил, ќе добие нов автомобил.
По земјотресите кои го погодија југоисточниот дел на Турција, Сервер го наполнил својот стар автомобил со работи од неговата трошна куќа во Баку и се упатил кон Турција.
Фотографијата трогнала многу луѓе, особено откако дознале за условите во кои живее самиот Сервер. Многумина коментираат дека оние кои имаат најмалку секогаш даваат најголема поддршка.
Azerbaycan'lı gazeteciler bu adamı bulmuşlar.
İsmi Server Beşirli, yaşadığı ev de bu – küçük bir gecekondu…
Ama kocaman bir yüreği var… https://t.co/exyqKP9hn5 pic.twitter.com/8YtrOmAOYn
— Dr. Ahmet Şairoğlu (Seninleyiz 🇹🇷) (@shahidovcom) February 8, 2023
Бесирли потоа бил гостин на национален канал во Азербејџан и дал информации за себе, по што се јавил азербејџански бизнисмен.
По излегувањето од студиото, бизнисмен од Нахчиван по име Бахтијар, барајќи ја водителката за време на рекламата, му ветил на Сервер Беширли нов автомобил.
Во понеделникот, 13 февруари, азербејџанскиот херој Сервер повторно бил гостин во програмата и го добил клучот од својот нов автомобил.
Фото: Принтскрин/Twitter