Тајланѓанката Ана Суангам-иам ја освои наградата „Impact Wave Leadership Award“ на овогодинешниот натпревар „Miss Universe“, а потоа на својот Инстаграм профил сподели како е создаден нејзиниот рециклиран фустан.
Според Мис Тајланд, фустанот е потсетник на нејзиното тешко детство, бидејќи нејзините родители работеле како собирачи на ѓубре. Затоа решила да направи фустан од рециклиран материјал, поточно од отворачи за конзерви.
„Овој фустан беше инспириран од познатото опкружување на моето детство. Растејќи со родители кои беа собирачи на смет, мојот живот како дете беше опкружен со купишта ѓубре и средства за рециклирање. Овој уникатен фустан беше намерно направен од фрлени и рециклирани материјали, поточно „Can Tab за да на „Мис Универзум“ покажам дека она што многумина го сметаат за безвредно, всушност има своја вредност и убавина“, се вели во објавата на нејзиниот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Ана Суангам-иам изненади со нејзиниот блескав сребрен фустан, дизајниран од Манират. Вечерниот фустан со исечоци до подот беше направен од парчиња на лименка, попознати под називот sntntn. Секое парче од лименката имаше дијаманти Сваровски.
Оваа 24-годишната девојка го дополни својот аутфит со блескави дијамантски обетки, прстен и тенка нараквица. Носеше и лакирани сандали со платформа и високи потпетици, што додаде грациозност на целокупниот изглед.
Фото: Принтскрин/Instagram