(ВИДЕО) ПО 19 СЕЗОНИ – Објавен е нов клип од серијата „Вовед во анатомија“ во кој Елен Помпео ја напушта серијата

Серијата „Вовед во анатомија“ вчера во нов трејлер откри повеќе детали за заминувањето на улогата на Мередит Греј, која 19 сезони ја толкуваше Елен Помпео.
Како што е веќе познато, серијата со оригинално име „Grey’s Anatomy“, која се емитува со години, во новите делови ќе се врати без главниот и многу сакан лик на докторката Мередит Греј.
Во новиот клип од „I’ll Follow the Sun“, Мередит се подготвува да го напушти Греј Слоун и Сиетл додека нејзините пријатели и колеги и приредуваат изненадувачка забава за заминување.
„Понекогаш промената е добра, понекогаш промената е сè. Знаете, веројатно ќе се вратам следната недела“, изјавила Мередит во нејзината последна епизода.


Фановите можеа да ја препознаат изведбата на „Chasing Cars“, која претходно се користеше за обележување на некои емотивни сцени. Се чини дека песната го навестува конечното раскинување на Мередит и нејзиниот партнер во шоуто во претстојните сцени.

This image has an empty alt attribute; its file name is elen-pompeo.jpg
Неодамна во својата објава на Инстаграм истакна дека тука не е крајот на нејзиното појавување во серијата и дека нејзиниот лик дефинитивно има намера повторно да се појави во некои епизоди. Нејзината последна епизода во САД ќе се емитува на 23. февруари.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …