(ФОТО) ЈАСНО КАЖАЛ ШТО МИСЛИ – Георгина објавила провокативни фотографии, коментарот на Роналдо добил повеќе од 10.000 лајкови

Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина, на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои позира со беспрекорна шминка во спортски топ кој го истакна нејзиното деколте.
Нејзината објава за само 24 часа собрала над три милиони лајкови, а особено се истакнал коментарот на Роналдо под фотографиите.

„Божествена“, напиша фудбалерот, а неговиот коментар добил над 10 илјади лајкови.
Инаку, откако Роналдо потпиша за клубот Ал-Наср во Саудиска Арабија, за него и неговото семејство започнува нов живот.
Иако жените добија одредени слободи во последниве години, Саудиска Арабија сè уште е многу рестриктивна земја, со помалку права и слободи од Западот, тоа ја очекува и Георгина.



Таа мора да носи абаја во јавност – традиционално арапско парче облека што личи на наметка. Георгина веќе го носеше на натпреварите на Светското првенство во Катар, но и на пречекот на Роналдо во неговиот нов клуб.
Правилата наложуваат жените да се облекуваат „скромно и пристојно“ – што со други зборови би значело дека повеќе нема да може да носи проѕирна, деколтирана и тесна облека.

Фото: Принсткрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на документарниот филм „Време на бетон“

Во Кинотека на Македонија, вечерва со почеток во 20:15 часот, ќе биде прикажан македонскиот документарен …