Кетрин и Мајкл секогаш се насмевнуваат на фотографиите, се шегуваат и не кријат дека се среќни што се имаат еден со друг.
Инаку, Мајк се заљубил во Кетрин во 1998. година на прв поглед. Во тоа време, тие дури ниту не се запознале, туку неколку месеци подоцна, на филмскиот фестивал Довил, каде што седеле на иста маса. Нив ги запознал колегата Дани де Вито (75), а темата на разговорот бил нивниот датум на раѓање.
„Прв пат кога ја видов реков ‘вау’. Таа вечер и реков дека ќе бидам татко на нејзините деца. Штом го кажав тоа, мислев дека ги уништив сите мои шанси“, рекол Даглас своевремено. После таа реченица, Кетрин му посакала добра ноќ и си заминала.
Сепак, нешто во Мајкл ја заинтригирало актерката. Тие останале во контакт после таа вечер и наскоро ја започнале својата романса. На самиот почеток, тие се криеле од јавноста, и едвај се гледале бидејќи нејзината кариера била во подем.