Актерката Кетрин Зита Џонс (50) својот одмор со семејството го минува во Африка. Таа ја сподели радоста што имале повторно обединување во семејството со своите следбеници на социјалните мрежи.
Покрај нејзиниот сопруг Мајкл Даглас (75), со нив се и нивните деца Дилан Мајкл (19) и Керис Зита (16). Братот и сестрата се разделени заради факултетски и други обврски, така што овие споделени моменти се важни за нив.
На нивното идилично африканско патување, семејството го посетила и Националниот парк Серенџети во Танзанија, а братот и сестрата исто така го пробале и традиционално танцување на Африка, но и мајка им Кетрин се обидела да танцува со локалното население.