(ФОТО) Се појавуваат детали од спасувањето на Моника:„Немој да ме тепате“ – открива полицаецот кој прв имал контакт со неа во каква состојба ја пронашол!

Сè појасно e дека Нинослав Јовановиќ не ја избрал 12-годишната Моника случајно, туку долго време ја набљудувал и демнел, чекајќи погоден момент да ја киднапира.
Инспекторот Златко Нововиќ од Полициската станица во Ниш бил првиот стапил во контакт со малата Моника по нејзиното исчезнување. Играта на судбината била токму тој да го прими и повикот за нејзиното исчезнување и да ѝ даде на мајката ветување дека ќе и ја врати ќерката дома. Тој открива детали од нивната прва средба.

„Собата лево од влезот беше затемнета, внимателно велгов и видов девојче како седи на креветот. Беше мирна, не мрдаше. Ја прашав ‘Дали си ти Моника’, таа ми одговори ‘Да јас сум, немојте да ме тепате’. Потоа ја прашав ‘Дали мајка ти се вика Александра?’ кога таа потврди ѝ објаснив дека сум полицаец да не се плаши и ја чував додека не дојде медицинска помош“, раскажува за српските медиуми Нововиќ.

После 10 дена интензивна потрага по 12-годишната Моника, таа е пронајдена во напуштена викендица.
„Жив нема да им паднам во раце“, рекол Нинослав пред да побегне.
Според нејзините зборови Нинослав со себе земал и огромен нож.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …