(ФОТО) Се појавуваат детали од спасувањето на Моника:„Немој да ме тепате“ – открива полицаецот кој прв имал контакт со неа во каква состојба ја пронашол!

Сè појасно e дека Нинослав Јовановиќ не ја избрал 12-годишната Моника случајно, туку долго време ја набљудувал и демнел, чекајќи погоден момент да ја киднапира.

„Кога беше објавена најновата фотографија од овој монструм, таксист го препозна. Вели дека пред еден месец го довел тука во нашата населба, а тој не сакал да му плати. Се расправал со него, но кога видел дека нема како да наплати, кренал раце и си заминал“, раскажала жителка на Суводол.
Во близина на оваа населба, Јовановиќ ја силувал својата прва жртва во 1996 година, во викендица на неговиот братучед.
Инцидентот со таксистот се случил на 14 декември, а Моника беше киднапирана, шест дена подоцна на 20 декември.
Според српски „Блиц“, кој се повикува на извори блиски до истрагата, во близина на една од куќите каде е утврдено дека изминатите денови престојувал киднаперот на Моника Каримановиќ, откриени се нови траги.
Според овие извештаи, пронајдени се женски црни гаќички и детска маица за кои има сомнение дека педофилот ги купил за девојчето, а му испаднале за време на бегството.
Српската армија и Безбедносно-информативната агенција (БИА) се приклучија во потрагата по девојчето

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …