(ВИДЕО+ФОТО) Манекенка од Украина сама протестирала на плоштадот во Милано: „Ова е нашата независност, наше право, наш идентитет, наша земја, тоа е нашата слобода“

„Приоритет е да останеме обединети и да не веруваме во пропаганда и лажни вести, Украина не е непријател на Русија како што се гледа во некои руски телевизиски програми. Тоа е многу опасно перење мозок“.

Манекенката е многу активна на социјалните мрежи каде споделува вести за бомбардирањето и демонстрациите и апели. Кога Русија извршила инвазија, таа отиде сама на Piazza della Scala да демонстрира.
„Нашето единство е најважниот одговор. Мора да му дадеме до знаење на светот дека сме силна земја која верува во мир. Плоштадот ми донесе топлина, но како Украинка се чувствувам многу осамено“.
Младата жена, која исто така е фотограф, открива и зошто е фрустрирана од околината.



„Фрустрирана сум од светот на модата, тешко е да се биде присутен на модната писта овие денови бидејќи главата ми е на друго место. Се чини дека сите овде сакаат тоа да го игнорираат, има многу површност, иако за среќа има исклучоци како моделот Виторија Черети, која испрати порака за поддршка на Украина, а има и некои други колеги кои ќе ме придружуваат на демонстрациите“.
Сепак, горчината останува затоа што не може слободно да го изрази својот став во контекст кој не е секогаш толку „внимателен“ кога се во прашање актуелните настани.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …