(ВИДЕО) ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ – Харков под дождот од ракети: Застрашувачки снимки од бомбардирањето, десетици мртви!

Украинските власти денеска ги обвинија руските сили дека истрелале ракети врз станбена зона во вториот по големина украински град Харков, при што загинале десетици цивили.
„Харков беше подложен на масовно гранатирање на градот“, напишал Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
Според него, за време на гранатирањето загинале десетици луѓе, а стотици се ранети.

Видеата објавени во „Телеграма“ во понеделникот и потврдени од NewYork Times ги покажуваат тешките ракетни напади што се случуваат во североисточниот дел на Харков. Други снимки покажуваат голем облак од чад, што укажува на можна експлозија, кој се издигнува од околните станбени згради.


Руските сили се распоредени околу периметарот на Харков во источна Украина, а според локалните власти, тие со денови ги гранатираат неговите периферни области, но украинските сили главно ги држат подалеку. Бомбардирањето уследи по обидот на руските сили да влезат во градот денеска.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …