Украинската манекенка и активистка, 23-годишната Настја Абрамова била на модната недела во Милано кога Русија ја нападна Украина. Таа за италијанските медиуми изјавила дека и самата ќе биде подготвена да ја брани својата земја, но дека во моментов тоа е невозможно бидејќи не може да се врати.
„Татко ми се пријави и чека да оди на фронт, ако треба и мајка ми и сестра ми ќе го направат истото. Јас исто така. Ова е нашата независност, наше право, наш идентитет, наша земја, тоа е нашата слобода“, изјавила Настја во интервју за Италијанска Republika.
View this post on Instagram
Настја Абрамова е една од ретките украински манекенки кои деновиве работат на модната недела во Милано и единствената која сакала да зборува за тоа што се случува во нејзината земја. Останатите одбиваат – плачат.
Настја има 23. години и одговарала на прашањата на новинарите во бекстејџот на ревијата на Елизабет Франчи. Штом ќе заврши со работата, таа заминува и протестира против војната.
Таа била откриена од агент пред осум години и почнала да патува низ светот додека не се преселила во Њујорк каде што работи за Monster Management.
View this post on Instagram
„После Милано, требаше да одам во Украина да го посетам моето семејство, сите живеат таму, но повеќе би сакала да не кажам точно каде, тоа е начин да ги заштитам. Сега не знам што да правам, скршена сум, ќе останам во Милано и ќе чекам да сфатам што ќе се случи бидејќи никој од нив не сака да ја напушти земјата. Никогаш не сум се чувствувал толку далеку од моите најмили“.
View this post on Instagram
Додека и ја правеле фризурата, Настја едвај ги задржувала солзите.