Првото емисија започнува со донирање сперма. Додека мажите чекаат во ред да ја наполнат чашата, Дејвис им објаснува дека ќе се анализира нивната сперма и ќе се провери нивната плодност, и зависи од тоа дали ќе останат на шоуто.
Продуцентката на шоуто Лорен Гирион признала дека мажите не знаеле дека ќе донираат сперма, се додека Дејвис не им кажала пред камерата.
„Тие се согласија“, коментирала таа.
Покрај тоа, тие ќе треба да покажат како се снаоѓаат со деца, да менуваат пелени, да се грижат за соба полна со деца а ќе ги поврзат и со апарат што симулира породилни болки.
„Еден од најголемите стравови ми беше дека нема да има мажи што го сакаат ова. Мислам дека вистинскиот тест беше анализа на сперматозоидите веднаш штом ме запознаа“, коментирала Кетцман.
Таа додала дека најтешкоза неа е да испраќа по еден маж дома секоја недела.