Популарниот музичар станал дедо,открива Dnevni avaz.
Првото внуче популарниот пејач го добил пред неколку дена кога се породила сопругата на неговиот син Хамзо, Џинета Табаковиќ – Дербишхалиловиќ.
Наводно, момчето го добило името според прадедото Незир, татко на првата сопруга на Дино, мајка на Хамзо.
„Мајката и бебето се веќе дома и добро се чувствуваат. Честитките на семејството му пристигнуваат од сите страни“, рекол изворот за Аваз.
Хамзо Девишхалиловиќ, синот на Дино мерлин, со Џинета се оженил минатата година. Во врска биле 7. години, односно, уште од гимназиските денови.