Глумицата од „Полна куќа“, поради плаќање поткуп, оди во затвор и мора да плати казна од 150.000 долари

Лори добила два месеци затвор и треба да плати казна од 150.000 долари, додека на нејзиниот сопруг му е изречена казна од пет месеци затвор, а неговата парична глоба е иста како нејзината. Парот првично се изјасни за невин, но на крајот признал…
Актерката Лори Лофлин (55), позната по улогата на Ребека во серијалот „Полна куќа“, а нејзиниот сопруг, модниот дизајнер Мосимо Гианали (56) ја загубија битката во судот, откако беа обвинети дека ја потплатиле фондацијата „Сингер“ со 510.000 долари за да нивните ќерки, веслачки, ги вклучи во тимот на Универзитетот во Јужна Калифорнија (УСЦ).
Лори добила два месеци затвор и треба да плати казна од 150.000 долари, додека на нејзиниот сопруг му е изречена казна од пет месеци затвор, а неговата глоба е иста како нејзината(150.000 долари).


Парот првично се изјаснил за невин и навеле дека тие пари ги донирале во добротворни цели, но оваа недела на судење двајцата се изјасниле за виновни. Да не признаеа, нивната затворска казна можела да траеи до 20 години.
Околу педесет лица беа обвинети за давање мито, а меѓу нив беше и „домаќинката“ Фелисити Хофман (57). Актерот Даглас Хоџ (60) досега добил најтешка казна и тој треба да оди во затвор девет месеци. Покрај тоа, тој мора да плати казна од 750 илјади долари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …