ФИФА ја претстави официјалната химна на овогодинешното Светско првенство.
Светската куќа на фудбалот ја објави официјалната песна на Светското првенство во Катар. Песната се вика „Хаја, хаја“.
Песната ја изведуваат американската пејачка Трининад Кардона и катарската сензација Ајша. Премиерната изведба се одржа вчера во 18. часот по средноевропско време.
„Оваа песна симболизира како музиката и фудбалот можат да го обединат светот. Потпирајќи се на R&B и реге влијанието, песната ја отсликува возбудата околу фудбалскиот фестивал што ќе го освои светот подоцна оваа година“, се вели во соопштението на ФИФА.
Фото: Принтскрин/YouTube