Тиктокерката со украинско потекло но со американска адреса Олена Садовска на 26. март најавила фитнес предизвик за да ја подигне свеста за војната во Украина и да се заложи за затворање на небото над Украина. По тој повод таа решила 24 часа да оди по подвижни скали во локалната теретана.
Таа, исто така, споделила врска до нејзиниот предизвик на страницата GoFundMe и одлучила да се обиде да собере средства за непрофитната организација Ukraine Relief, која се појавила по руската инвазија за да ги поддржи семејствата на кои им е потребна. Олена собрала, вкупно, повеќе од 12.000 долари.
Во првото видео, кое сега има повеќе од 13. милиони прегледи, таа напишала за да ја подигне свеста за тоа што се случува во Украина. Многумина ја критикуваа поради тоа.
@olena.sadovska Thank you guys so much for making this possible! We have raised over $12k for the Ukrainian families and children who are in need of resources! This will definitely make a difference and I am so happy I could make a positive impact! #standwithukraine #standwithukraine🇺🇦 #ukraine #ukraine🇺🇦 #timelapse #fundraiser #fundraising ♬ black out days – solartunne
„Тоа е добар начин вистинскиот проблем да го претворите во приказна за себе“, се вели во еден коментар.
„Како ова помага? се додава во вториот.
18-годишната девојка за „Инсајдер“ изјавила дека со објавувањето на предизвикот на „ТикТок“, успеала да допре до публиката и да собере средства од оние кои не ја следеле пред ова.
„Многумина ми кажаа дека немаше да го објавам ова на социјалните мрежи ако навистина ми е гајле. Но, всушност е сосема спротивно бидејќи никогаш немаше да добијам толку многу донации ако не го објавев ова видео”, објаснува Олена.
@olena.sadovska Thank you guys so much for making this possible! We have raised over $12k for the Ukrainian families and children who are in need of resources! This will definitely make a difference and I am so happy I could make a positive impact! #standwithukraine #standwithukraine🇺🇦 #ukraine #ukraine🇺🇦 #timelapse #fundraiser #fundraising ♬ black out days – solartunne
Садовска вели дека избрала ескалатор бидејќи предизвиците со тој уред моментално се многу популарни на TikTok. Еден од најпопуларните е предизвикот, кој вклучува пешачење 90. минути. Експертите претходно предупредувале дека ова може да предизвика повреди, како и дека може да не биде ефикасно за градење на стомачни мускули.
Садовска сега има 87.000 следбеници, од 6.000 пред предизвикот. Но, стекнувањето на популарност на интернет не беше нејзин личен интерес.
„Сега планирам да работам на повеќе предизвици за да соберам средства, но и да снимам видеа во кои ќе им објаснам на моите следбеници, од кои повеќето не се Украинци, зошто оваа тема е толку важна“, заклучила таа.
Фото: Принтскрин/TikTok