Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, се пласирал во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако после три часа и голема борба го победил Милош Раониќ во три сета.
Тенисер од Канада одигра феноменален тенис, сервирал уште подобро, но Новак исто така покажал атомски тенис на Централниот терен.
(🎥@TennisTV ) pic.twitter.com/9xd4XKIqbq
— doublefault28 (@doublefault28) August 17, 2018
По повеќе од два и пол часа игра, српскиот тенисер славел во сетови – 7:5, 4:6, 6:3. Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето против Марин Чилиќ, кој го победи Пабло Карења-Буста.
Новак со победата над Раониќ дојде на „два од два” овој ден во Синсинати, откако претходно го одигра натпреварот во четирифиналето со Димитров. Нивниот натпревар беше прекинат поради дожд во четвртокот, така што го продолжија следниот ден.
Novak after #R3 match #CincyTennis pic.twitter.com/EBdQ1PNv8J
— Basia (@BasiaID) August 17, 2018
За среќа на тенисерите дожд не паѓаше попладнето во Синсинати, а Ѓоковиќ успеа да го заврши натпреварот кратко време откако влезе во теренот.
Новак на крај славеше со 2:6, 6:3, 6:4, а во следниот круг играше против Милош Раониќ, два часа, откако Роџер Федерер и Леонардо Мајер го завршија натпреварот.
Мастерсот во Синсинати е единствениот од серијата кој му недостасува на Ѓоковиќ.
Tenistas con más victorias en el Masters 1000 de #Cincinnati (1990-2018):
1- Roger Federer 🇨🇭 44
2- Pete Sampras 🇺🇸 36
3- Michael Chang 🇺🇸 35
4- Andy Murray 🇬🇧 31
4- Andre Agassi 🇺🇸 31
6- Novak Djokovic 🇷🇸 29
6- Andy Roddick 🇺🇸 29 pic.twitter.com/LsnLdeJLkI— Canal Tenis 🎾 (@canal_tenis) August 17, 2018
Полуфиналето помеѓу Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ ќе се игра од 20.25 чсот а ќе биде пренесуван на некој од каналите на Спорт клуб.