Студентка од Бразил, 22.годишната Даниела Брин, одлучила да ја продаде невиноста на Интернет на оној кој е подготвена да понуди милиони долари.
Младата Бразилка Даниела Брин, во нејзината искрена исповед за “Дејли мејл”, открила дека на оваа идеја се сетила кога останала без пари.
Големата криза, или неспособноста да ги отплати долговите и студентските кредити, се причина зошто е подготвена да ја продаде невиноста и, покрај тоа, вели дека може да купи куќа каде што ќе живее со нејзината мајка и сестра.
Иако планот е детално разработен, таа не крие дека чувствува голема нервоза, најмногу поради тоа што е природно многу срамежлива и никогаш не отишла на состанок со маж.
“Се плашам како ќе се одвиваат работите, но тоа ќе ми биде прв пат. Никогаш не сум била на состанокот и многу сум срамежлива, се надевам дека победникот ќе биде убава и љубезна личност, господин”, открила таа со возбуда.
Danielle Breene (22) biedt haar maagdelijkheid te koop aan: “Beste wat me kan overkomen" https://t.co/AbXJySPLEp pic.twitter.com/1phfFArLn2
— Tingo (@tingobe) August 15, 2018
Бразилката во јуни минатата година отворила сајт каде што ги објавила своите фотографии кои го прикажуваат нејзиното тело. Не сакала да го открие лицето за да го заштити своето семејство.
Досега добила две сериозни понуди, а преку оваа аукција, највисоката понуда добила од човек кој е подготвен да плати 220.000 долари. Даниела тврди дека не се согласила и дека чека некој да и понуди барем 750.000 долари. Под тој износ не се согласува на продажба на невиноста.
Свесен дека продажбата на невиност не е безопасна и лесна работа, Даниела одлучила да се заштити себеси кога ќе се сретна со дотичниот маж:
“На денот на состанокот,со мене ќе оди телохранител. Безбедноста е многу важна за мене и ќе направам се така и да се чувствувам”.
Исто така, открила дека нејзиното семејство не е упатено во онлајн аукција, но нејзините пријатели ја поддржале нејзината одлука.
Hey there! My name is Danielle Breene, I'm a Brazilian girl and I'm selling my virginity for the highest bidder.
To find out more, acess my website: https://t.co/F4A0TMleVD
xoxo 😉
— Danielle Breene – Virginity Auction (@BreeneAuction) June 21, 2018
“Не ми е гајле што мислат другите за тоа, ме интересира само реакцијата на моето семејство. Коментарите од злобниците нема да ме ослободат од долговите”, заклучила таа.
На крајот на разговорот, таа истакнала дека овие пари многу и значат. Бидејќи, покрај трошоците и скапиот живот во Бразил, таа сака да започне сопствен бизнис, кој ќе биде првиот чекор во градењето на нејзината кариера.