(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ останал без 21.милион евра

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ во светот на модата не доживеал успех на каков што се надевал кога пред неколку години ја покренал својата линија „A-Z“.
Имено, како што пишува шведскиот Dagens Industri, Ибрахимовиќ го запрел производството и наскоро потполно ќе ја згасне својата модна линија која со цените им конкурирала на марките како Адидас и Најк. Фудбалерот вложил 21. милион евра во промоција на овој бренд кој ниту после неколку години труд не го вратил вложеното па одлуката за „гаснењето“ не била неочекувана.


Шведските медиуми пренесуваат дека Ибрахимовиќ, во разговор со своите финансиски советници, сфатил дека секоја понатамошна инвестиција во брендот „A-Z“ е фрлање пари, сепак, фудбалерот,најавил нови инвестиции во иднина, за кои се надева дека ќе имаат поголем успех од оваа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …