(ВИДЕО+ФОТО) Џорџ Клуни: „Љубовта ми дојде дома а сега не можам беа Амал!“

Во емисијата „My Next Guest Needs No Introduction“ на Дејвид Летерман за Нетфликс Џорџ Клуни открил како се запознал со Амал.
Клуни објаснил дека Амал со еден заеднички пријател, на пат за Кан, во 2013. година дошла во неговата куќа на езерото Комо, Италија. Меѓутоа оној кој му ја предвидел иднината бил неговиот агент.
„Му се јавив на агентот кој ми рече – ’Ја запознав онаа жена која доаѓа во твојата куќа. Ќе се ожениш со неа!’. И’, навистина беше така“ раскажал Клуни.
Интересно е дека родителите на Клуни се заслужни за тоа што воопшто продолжил да се гледа со неа.
“Тогаш ме посетија моите родители, па се најдоа со сите нас.Едноставно, во текот на вечерта сите почнавме да зборуваме. Дури подоцна ја земав нејзината меил адреса за да ми испрати фотографии со родителите. Така почнавме да се допишуваме. Не знаев ниту дали сака да излезе со мене, мислев дека сме само пријатели“ рекол глумецот.

Неколку денови подоцна Џорџ и Амал отишле на своето прво рандеву во Лондон, а само шест месеци подоцна актерот ја запросил адвокатката.
„Ги направив сите работи што требаше, па дури и клекнав на едното колено“, раскажал Клуни. Актерот пред запросувањето и’ приготвил вечера на Амал, а свршеничкиот прстен со дијамантот од седум карати и платина сам го дизајнирал.
„Вечниот ерген“, како што дотогаш го нарекуваа, се ожени со Амал во септември во 2014 година, во хотелот „Аман канал гранде“ во Венеција. Меѓу гостите беа многубројни славни личности како Мет Дејмон со сопругата, Елен Баркин, Ана Винтур, Емили Блант и Џон Красински, Ричард Кинд, Стив Лукатер…


Клуни раскажал дека отсекогаш знаел дека ќе се венчаат токму во Италија, бидејќи таму и се запознале. Таткото на Амал, Рамзи, по венчавката рекол дека што побрзо сака внуци. Не било брзо, но три години подоцна, во јуни 2017 година Амал и Џорџ ги добија близнаците Ела и Александер. Клуни истакнал дека од раѓањето на децата, тие му се во центарот на вниманието, а пред да стане татко, „број 1“ му била неговата сопруга.
„Го чувствував истото за неа пред да ги добијам Ела и Александер. Таа е некој за кого апсолутно би го дал животот. Нејзиниот живот ми значи повеќе отколку мојот. Не сум имал такво искуство претходно – рекол актерот. Клуни додал дека Амал и тој не планирале деца и дека секогаш
претходно мислел дека „потомците не се дел од неговата ДНК“.
„По венчавката разговаравме за деца и сфативме дека сакаме својата среќа да ја делиме со уште некој. Одлучивме да поработиме на тоа“, раскажал Клуни, кој во 2014 година кога излегувал со Амал, рекол дека намера повторно да влегува во брак.
„Се оженив во 1989. година. Не бев добар во тоа. По разводот сфатив дека повеќе никогаш не сакам да се женам“, раскажал актерот. Сега често истакнувал дека не може да биде посреќен со својот живот, кој е сосема поинаков од оној пред да ја запознае Амал.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …