(ФОТО) Ума Турман пишман: Повторно „го сака“ Тарантино!

До неодамна популарната Ума Турман „се окомила“ на Квентин Тарантино критикувајќи го за несреќата која и се случила за време на снимањето на „Убиј го Бил 2“. Но, се чини дека недостатокот на понуди за добри улоги, како и нејзиното неверојатно подмладување, најавениот нов проект ја „омекнале“ популарната глумица која изјавила дек повторно би соработувала со култниот режисер…

Имено, глумицата претходно тврдеше дека каскадерска сцена со автомобили снимена за потребите на „Убиј го Бил 2“ и предизвикала хронична болка во вратот.
Само три месеци по изјавата дека режисерот Квентин Тарантино пред 16. години ја натерал да глуми во многу опасна сцена, Ума Турман сега вели дека повторно би соработувала со него.
Имено, глумицата претходно тврдеше дека каскадерска сцена со автомобили снимена за потребите на „Убиј го Бил 2“ и предизвикала хронична болка во вратот, затоа што сето тоа било изведено „толку невнимателно, дури на граница на кривично дело“.
„Доколку тој (Тарантино) напише нешто одлично, би соработувала со него“,изјавила Турман минатата недела.
Тарантино, пак, периодов го подготвува својот десетти филм како режисер, под наслов „Си беше еднаш во Холивуд“, со Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби во главните улоги.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …