(ВИДЕО) Емилија Кларк има порака за фановите на „Игри на престолите“:Шанса за присуство на снимање на серијата!

Ѕвездата на мега популарната серија „Игри на престолите“, Емилија Кларк, славната мајка на змејовите, ги повикала сите љубители на крвавите борби за престолот да се пријават за наградна игра која може да им овозможи присуство на снимање на серијата во Белфаст и дружење со глумците.
Наградната игра е покрената преку кампањата на Omaze интернет платформата. Се’ што фановите треба да направат е да уплатат средства за поддршка на фондацијата РЦН (Royal College of Nursing) која се бави со унапредување на здравјето и негата на болните, промоција на науката, едукција на медицински сестри и слично.
Сите кои ќе ја поддржат РЦН, односно, ќе се вклучат во кампањата се потенцијални добитници на наградата која подразбира патување во Белфаст и присуство на снимањето на финалната сезона на „Игри на престолите“.
„Се здружив со Omaze да дадам можност на еден среќен добитник и негов пријател, колега, сопружник, љубовник, куче, мајка, татко, сестра, брат или било кому кого сака да поведе со себе, да не посети на сетот. Придружете ми се за подобрување на негата на болните“ порачува Емилија Кларк во промотивното видео.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„БИТОЛСКИ БЕЉОТЏИЈА“ – хуманитарен бељот турнир

Денеска со почеток во 10:30 часот, во барот Општина а во организација на РОТАРИ КЛУБ …