(ВИДЕО) Ангелина Џоли не се плаши од висина: „Управувала“ со мал авион

Ангелина е прикажана додека пилотира со мал авион, над пустиња, а се чини дека тоа не и претставувало никаков проблем со оглед на тоа дека цело време била доста опуштена…
„Зелената планета на Кралицата“ кој премиерно е прикажан на 16. април на ИТВ во Британија говори за начинот на кој денешните генерации би требало да ја заштитуваат и чуваат животната околина.Во документарецот се спомнува кралицата Елизабета Втора и нејзините напори да ја сочува животната околина за наредните генерации.


Таа во својата палата има колекција на ретки видови билки кои ги добивала на подарок. Глумицата Ангелина Џоли (42) исто така учествувала во проектот, а инаку е позната како голема заговорничка за заштита на околината.
Ангелина е прикажана како пилотира со мал авион над пустиња, а изгледа дека тоа не и претставувало никаков проблем со оглед на тоа дека цело време била многу опуштена. Глумицата истакнува дека обожува да вози авиони, а дозвола за тоа добила уште во 2004. година.
„Кралицата е прекрасна личност која се грижи за луѓето и нивната иднина. Сака внуците и правнуците еден ден да уживаат во природата и учат за важноста на други култури. Мислам дека е многу важно и во потполност се согласувам со неа“ рекла Ангелина и додала дека Намибија за неа има посебна важност бидејќи таму пред 12. години била родена нејзината ќерка Шилох.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …