(ФОТО) Кејт Мидлтон роди син:Бизарни правила кои мора „да ги почитува“ по раѓањето на бебето- но некои заобиколува!

Пред веста да се појави во јавност, на кралицата треба да и се каже дека бебето се родило. Така било, наводно, и’ кога се родил Принцот Џорџ (4). Принцот Вилијам преку специјален, заштитен и кодиран број и јавил на баба му дека добил син…

Британското кралско семејство, како и за  сите посебни пригоди, и’ за раѓањето на новите членови со „сина крв“ има посебни правила. Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (36) која денес во 11. часот по локално време родила момче во приватниот дел на лондонската болница  St Mary’s,освен на своите три деца мора да внимава и на „ситниците“ врзани околу породувњето, а се’ за да не  ја навреди  Кралицата Елизабета Втора (92).


Прво правило; Кралицата мора да дознае прва

Пред веста да се појави во јавност, на кралицата треба да и се каже дека бебето се родило. Така било, наводно, и кога се родил Принцот Џорџ (4). Принцот Вилијам преку специјален, заштитен и кодиран број и јавил на баба му дека добил син. Но, пред тоа Кејт и Вилијм веста ја објавиле на социјалната мрежа Твитер со што го зобиколиле ова прво правило.


Duchess of Cambridge pregnant | Autor: Dominic Lipinski/Press Association/PIXSELL

Второ правило: Градскиот глсник ја шири веста понатаму


Тони Апелтон, како неслужбен градски гласник ја шири веста по градот. Тоа бил случај и кога се родени Принцот Џорџ и Принцезата Шарлот (2). Ова правило е сочувано од времето кога имало смисла бидејќи дел од жителите не знаел да чита и пишува па весниците малку им значеле.

PBI: Willam and Kate in St Marys | Autor: WAR/OIC

Трето правило: Се преферира породување дома

Кралицата Елизабета, инаку, своите деца ги родила дома, во Бакингамската палата. Ова правило прва го прекршила починатата принцеза Дијана која своите синови, принцот Хари (33) и принцот Вилијам (35) ги родила во приватното крило на лондонската болница St.Mary.

Четврто првило: Татковците не смеат да бидат присутни

Породувањето се сметало исклучиво за „женска работа“ и мажите не смееле да бидат присутни ниту дома ниту во болницата.Но, принцот Вилијам присуствувал на породувањето.

Duchess of Cambridge expecting third child | Autor: /DPA/PIXSELL

Петто правило; Бабиците се колнат на молчење

Бабиците при кралските породување се заколнуваат дека никому нема да откријат информации врзани за породувњето. Се верува дека Кејт на породувањето со Шарлот имала три службени бабици кои, наводно,кога станува збор за информации околу породувањето се непоткупливи.

Duchess of Cambridge expecting third child | Autor: /DPA/PIXSELL

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …